Проект - Побарај промена

Женска акција започна со имплементација на проектот „Побарај промена“ субгрантиран преку проектот „Спроведување на теренски иницијативи за зајакнување и зголемено учество на жените во процесите на донесување одлуки“  („Вклучи се - побарај гласно“) кој го реализира АГОРА - Центар за промовирање граѓански вредности а во партнерство со НЦРР - Национален совет за родова еднаквост. Проектот финансиски е поддржан од на UN Women Скопје.
Целта на проектот е зголемување на учеството и влијанието на жените од руралните средини Ораовица и Конче во процесите на креирање политики на локално ниво. 
Краткорочни цели
Цел 1.: Мобилизација и зајакнување на жени од 2 локални заедници и примена на застапувачки акции со цел интеграција на приоритетите во програмите и буџетите на општините Радовиш и Конче за 2021 година.  
Цел 2.: Создавање на пријателска околина за продуктивен дијалог и идентификација на начините за подобрување на квалитетот на животот на жените.
Цел 3: Застапување на потребите и приоритетите кои произлегуваат од барањата покренати од страна на жените