Проектот „Социјална вклученост на приоритетни ранливи групи во општините Радовиш и Конче„ има за цел поддршка за социјално вклучување на приритетните ранливи и маргинализирани групи во општините Радовиш и Конче преку јакнење на капацитетите на локалните граѓански организации за изработка на одржливи предлог проекти во согласност со локалните Стратегии за социјална вклученост, социјална заштита и намалување на сиромаштијата во овие општини (2011-2015).
Проектот се спроведе од страна на Центарот за Регионален Одржлив Развој од Неготино, во партнерство со Женска Акција - Радовиш и ОЖ Конечанка – Конче. Во проектот беа вклучени по 10 претставници на локални граѓански организации, локалните власти, локалните јавни институции од општините Радовиш и Конче кои беа обучени за подготовка, аплицирање и спроведување на проекти за социјална вклученост пред се во своите заедници. Исто така, учесниците имаа можност за стекнување на знаења и вештини за застапување и лобирање, како и за меѓусебно вмрежување, добивање информации за достапни програми и фондови кои поддржуваат социјална вклученост, како и можност за промовирање на концептот на социјална инклузија и интеграција на ранливи и маргинализирани групи на граѓани.
Проектот се реализираше преку 4 заеднички работилници и 2 јавни трибини во секоја општина одделно, и еден дводневен семинар во кој ќе учествуваа целните групи од овие општини заедно.
Дводневниот семинар овозможи соработка, координација и размена на информации и знаења помеѓу вклучените претставници од сите три општини во насока на нивно меѓусебно вмрежување. На семинарот беа презентирани изработените драфт проекти од инволвираните општини и се потенцираше можноста за меѓусекторска и меѓуопштинска соработка. Исто така, на семинарот беа презентирани достапни национални и меѓународни програми и фондови кои поддржуваат активности и проекти за социјална вклученост на ранливи и маргинализирани групи на граѓани и каде што ќе може да бидат аплицирани драфт проектите, прилагодени според бараните критериуми и апликации.