Креативни умови создаваат можности за работа

Проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“ е амбициозен проект финансиран од страна на ЕИФЛ  преку ПЛИП програмата, кој ги поддржа невработените лица од општините Радовиш и Конче во подобрување на нивните вештини со цел подобро да ги препознаат можностите за работа. За потребите на невработените лица беше изготвена веб страна за олеснет пристап до информациите, и беа организирани обуки за основни компјутерски вештини, интерактивни обуки (како да аплицираат за работно место). Со обуките директно беа опфатени 87 невработени лица од општината, на возраст од 20 - 40 години.

Проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“  за успешната имплементација во јуни 2011, во Прага од страна на ЕРСТЕ фондацијата ја доби престижната награда за социјална интеграција во вредност од 16 000 ЕВРА.
Овој проект беше реализиран во партнерство на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш и невладините организации „Женска акција“ Радовиш и  Граѓански креативен центар „Креа“.

Галерија

https://www.facebook.com/%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%88-481551978554171/notifications/