Е-УЧИЛНИЦА

Од септември 2012 година „Женска акција“ Радовиш започна со имплементација на проектот Е-Училница, кој има за цел да обезбеди бесплатни обуки за компјутерски вештини за маргинализирани групи од општините Радовиш и Конче. Формирањето на овој компјутерски центар е дел од проектот „Е- Училница“ на Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком и е придонес кон создавање на сеопфатно дигитално општество каде сите ќе имаат можност да ги истражуваат потенцијалот и придобивките од новите технологии, слободно да пристапат и да разменуваат информации и услуги и да учествуваат во општеството на поефикасен начин. Оваа услуга е од особена важност за жените за подобрување на образованието и информации во надминувањето на дигиталниот јаз и подобрување на вештините за вработување што ќе им овозможи еднакво учество на пазарот на трудот и активно вклучување во животот на локалната заедница.
Проектот е продолжен и во 2015 година и досега со обуките за основни и напредни компјутерски вештини се опфатени над 300 лица од двете општини Радовиш и Конче.

Галерија

https://www.facebook.com/%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%88-481551978554171/notifications/