НАСИЛСТВО: Секое насилство засновано на разликите на половите кое за резултат има физичка, сексуална и психолошка штета или страдање на жената, кое вклучува и заплашување, принуда и контрола, без оглед дали тоа се случува во јавниот или приватен живот.
СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО – е контрола од страна на едниот партнер врз друг или друг член на семсјтвото, кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди,емоционална или сексуална злоупотреба или работно искористување на друг член од фамилијата.
Начинот на контрола вклучува:
- Физичко насислтво
- Психолошко/емоционално насислтво
- Сексуално насилство
- Економска насилство
- Закани и изолација
Кои се жртви на семејно насилство?
Голем дел од анкетите покажуваат дека 95% од жртвите на семејно насилство се жените.