Согледувајќи ја реалната состојба на полова дискриминација во Македонија, во комбинација со високите нивоа на сиромаштија и недостаток на квалитетно образование што уште повеќе ги маргинализира жените и девојките, и го смалува нивниот потенцијал да се пробијат надвор од традиционалните улоги, особено во малите градови како што е Радовиш, Женска акција се фокусира на нивно поттикнување за вклучување во локалната заедница преку: обуки, семинари и работилници.
За успешното работење на Центарот, Женска акција има за цел прибирање на информации, печатени и електронски материјали, аудио и визуелна опрема, книги, особено акцент има ставено на ИТ технологијата како образовна алатка. Посебно внимание е посветено на вклучување на младите луѓе во современите случувања, особено во трансферот на вештини, со што ќе се намали дигиталниот јаз што постои во неразвиените земји како што е Македонија.
Преку овој грант е набавен Проектор и друга дигитална опрема што ќе овозможи олеснување на интерактивните сесии планирани со овој проект кои се во насока на учење на англиски јазик преку софтвер и со помош на волонтери од Миорвен корпус и други активности поврзани со користењето на ИТ технологијата.
Ние веруваме дека нашиот центар ќе ни овозможи да и служиме на локалната заедница, да го промовира пристапот до информациите и да овозможи продолжување на едукацијата на нашите граѓани.