Живот без насилство е мојата иднина

Проектот  "Живот без насилство е мојата иднина" е финансиски поддржан од Американската амбасада во Скопје и има за цел  да ја подигне јавната свест во општините Радовиш и Конче за постоењето на различни форми на семејно насилство и злоупотреба, подигање на капацитетот на вработените во сите релевантни институции за спроведување на ефективни, ефикасни и координирани мерки за спречување на насилството,  подигање на нивото на јавната свест за видовите, причините и последиците на родовото насилство (вклучувајќи го и семејното  насилство).

Во рамките на проектот беа спроведени следните активности:
  • Истражување за облиците и видовите на насилството врз жената
  • Подготовка и печатење на промотивен материјал
  • Спроведени предавања и работилници во поголемите рурални  средини
  • Две работилници за вработените во институциите кои работат на проблемот на семејно насилство: социјални работници, здравствени работници, полицајци, судии, новинари, НВО активисти)
  • Вклучување во Кампањата 16 дена активизам по повод Меѓународниот ден против насилството врз жената.повеќе...http://www.youtube.co/watch?v=xJojqlQ9qr8
  • Обезбедување на бесплатна правна помош
  • Бесплатна правна помош за жените кои имаат  проблеми во остварувањето на правата на заливот право и застапување во суд.
 

Галерија

https://www.facebook.com/%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%88-481551978554171/notifications/