К О Н К У Р С на тема „Вклучи се и биди глас против родово базираното насилство со фокус на дигиталниот простор и секојдневните предизвици на девојчињата и жените“

 

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Жеснка акција“ Радовиш, распишува конкурс за избор на визуелни креативни трудови (постери, илустрации, дигитални дизајни, фотографии, видеа и други визуелни форми) во рамки на Меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство.
 

Елементи во дизајнот:

Дизајнот треба моќно и јасно да ја пренесе пораката за превенција од родово базирано насилство, со особен акцент на дигиталниот простор и реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат жените и девојчињата. Визуелниот идентитет треба да комбинира емоционален наратив со современа естетика, правејќи ја пораката видлива, разбирлива и релевантна за младата публика.

          Боја
  • Да доминираат портокаловите тонови, како симбол на глобалната кампања против насилство.
  • Може да се комбинираат со виолетови или темно сини нијанси кои асоцираат на дигиталниот простор и онлајн безбедноста.
Силуети или илустрации на девојчиња и жени
  • Прикажани во секојдневни ситуации: користење телефон, лаптоп, социјални мрежи.
  • Емоциите нека бидат реални: загриженост, потреба за поддршка, храброст и обид за изразување глас.
Дигитални мотиви
  • Графички елементи како нотификации, пораки, блокови со коментари, пикселни ефекти, симболи за приватност (катанец, штит), истакнување токсични коментари трансформирани во пораки на поддршка.
Силна централна порака
  • Краток, јасен и моќен слоган, поставен така што веднаш го привлекува погледот
Форми на пријавување                                                                                                            
Учесниците може да конкурираат со еден или повеќе креативни трудови во една од следните форми:
  • видео-материјал (до 2 минути),
  • постер, илустрација или графички дизајн,
  • кратка дигитална кампања, инфографик или онлајн алатка,
  • друг оригинален формат усогласен со тематиката.
Право на учество
Право на учество имаат сите млади лица (15 до 35 години) индивидуално или групно, без разлика на род, етничка припадност или социјален статус.
Рок и начин на поднесување
Секој учесник може да учествува со еден труд. Трудовите се доставуваат најдоцна до 2.12.2025 по електронски пат на адреса: zenska.akcija@gmail.com
Секој труд мора да содржи:
  • име и презиме на учесникот
  • возраст/клас
  • онтакт телефон и е-маил,наслов на трудот
  • краток опис на трудот со кој учествувате. (до 100 зборови)
 Критериуми за оценување
Комисијата ќе ги оценува трудовите според следните критериуми:
  • усогласеност со темата;
  • јасна, силна и општествено релевантна порака;
  • креативност и оригиналност;
  • техничка и естетска изведба;
  • потенцијално влијание врз јавноста и корисност за младите.
Награди
Комисијата ќе додели 3 награди, сертификати за учество и можност за јавно промовирање на најдобрите трудови во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против родовобазирано насилство“.
Резултат
Резултатите ќе бидат објавени на веб страната www.zenskaakcija-radovis.mk најдоцна до 07.12.2025. Официјалното доделување на наградите ќе биде на 10 ти декември, за што  учесниците ќе бидат навреме информирани.
 

Погледни го ПДФ Документот