Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“ поддржан од Акција Здруженска преку проектот
„Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Делегацијата на Европаската Унија, а ко-финансиран од Шведска и спроведуван во партнерство со Фондација Kvinna till Kvinna и Хуманитарно Здружение Мајка
“ - Куманово објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО СОДРЖИНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ Е-УСЛУГИ
- ОПИС И ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“,има за цел да одговори на значителниот родово дигитален јаз преку подигање на свеста за поактивно и ефикасно учество на жените во користењето на општинските е-услуги, градење на нивните капацитети, рушење на родовите стереотипи и други бариери за жените да имаат еднаква корист од можностите што ги нуди дигитализацијата. Оваа цел ќе се постигне преку (1) зајакнати дигитални вештини на жени за користење на општинските е-услуги и ефективен придонес и влијание ва интегрирањe на родовата еднаквост во локалните политики, (2) подобрување на соработката со релевантните институции за размена на искуства и заеднички застапувачки акции (врз основа на аргументи) за унапредување на локалните е-услуги и концептот на родовата еднаквост.
- ЦЕЛ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Опис на активноста:
Целта на овој повик е да ги наведе условите за аплицирање на Јавен повик за производство на 2 кратки видеа заедно со кратки форми за социјалните мрежи кои ќе ги доловат и промовираат активностите и успесите на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“.
Цели:
Клучни цели на ова видео и reels за социјалните мрежи:
- Да ги документира и прикаже активностите, иницијативите и достигнувањата на проектот за користење на општинските е-услуги.
- Да се подигне свеста и да се промовираат општинските е-услуги кои ги нудат општините Радовиш и Конче.
- Да се вклучат и инспирираат повеќе граѓани, особено жените за користење на општинските е-услуги.
.
3. ОБЕМ НА РАБОТА
Услугата треба да ги содржи следниве компоненти:
- 2 кратки видеа (во траење од 3 минути)
- Серија reels за социјалните мрежи кои ќе бидат изведени од главното видео.
- Во првото видео да бидат инкорпорирани содржини кои ги нудат општините Радовиш и Конче со употреба на визуелизација за е-услугите и навигација за поефикасно користење на е-услугите.
- Во второто видео да бидат вклучеин проектните активности, лични приказни на учесниците.
- Употреба на визуелизација на податоци за прикажување на клучните статистики и факти.
- Соодветна музика во заднина за подобрување на емоционалниот ангажман.
- Професионален квалитет на видео и звук.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето, заинтересираните понудувачи треба да достават:
- Биографија (потребно е искуство во изработка на видеа);
- Портфолио со изработени видеа;
- Финансиска понуда и временска рамка.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
- ИЗБОР НА ПОНУДУВАЧ
АУСЖМ „Женска акција“ ќе формира 3 члена комисија со цел избор на најдобар понудувач. Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:
- Претходно професионално искуство во дејноста (30 бодови);
- Портфолио со листа на изработени видеа (30 бодови);
- Понудена цена (40 бодови);
Критериуми за избор:
На повикот може да се пријават сите понудувачи кои ги исполнуваат наведените технички услови. Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој освоил најголем број бодови во сооднос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.
- ВРЕМЕНСКА РАМКА:
Понудувачот кој ќе биде ангажиран работните задачи ќе треба да ги спроведе во периодот:
- Првото видео ноември 2025 – февруари 2026 година.
- Второто видео ноември 2025 – април 2026 година
Краен рок за поднесување на апликацијата е 14.11.2025 година. Предлозите треба да се испратат до Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш на следната адреса
zenska.akcija@gmail.com . Апликантот во предметот ќе цитира:
Апликација за изработка на видео содржина за општински е-услуги..
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот нема да бидат земени во предвид.
Погледни го
ПДФ документот