Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“ поддржан од Акција Здруженска преку проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Делегацијата на Европаската Унија, а ко-финансиран од Шведска и спроведуван во партнерство со Фондација Kvinna till Kvinna и Хуманитарно Здружение Мајка“ - Куманово објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ Е-УСЛУГИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ Е-УСЛУГИ
- ОПИС И ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“,има за цел да одговори на значителниот родово дигитален јаз преку подигање на свеста за поактивно и ефикасно учество на жените во користењето на општинските е-услуги, градење на нивните капацитети, рушење на родовите стереотипи и други бариери за жените да имаат еднаква корист од можностите што ги нуди дигитализацијата. Оваа цел ќе се постигне преку (1) зајакнати дигитални вештини на жени за користење на општинските е-услуги и ефективен придонес и влијание ва интегрирањe на родовата еднаквост во локалните политики, (2) подобрување на соработката со релевантните институции за размена на искуства и заеднички застапувачки акции (врз основа на аргументи) за унапредување на локалните е-услуги и концептот на родовата еднаквост.
- ЦЕЛ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Опис на активноста:
Целта на овој повик е да ги наведе условите за аплицирање на Јавен повик за aнгажирање на обучувач/ка за одржување на обука за користење на општинските е-услуги за потребите на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“.
Цели на обуката:
- Да се зајакнат знаењата и капацитетите на жените и девојките за користење на општинските е-услуги.
- Да се поттикнат жените, особено жените од руралните средини за користење на општинските е-услуги.
- Да се зголеми бројот жени и девојки кои активно ќе ги користат општинските е-услуги.
- ЗАДАЧИ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Ангажираниот експерт/ка ќе биде одговорен/на за следните задачи:
Развивање на програма за обуката;
- Да подготви презентации и вежби што ќе ги сподели со проектниот тим пред имплементација на обуката;
- Да ја имплементира обуката;
- Да развие методологија за оценка на обуката;
- По спроведената обука да подготвни и поднесе извештај најдоцна 7 работни дена по завршување на истата.
Планиран број на учеснички на обука е 20 учесници.
- ВРЕМЕНСКА РАМКА:
Експертот кој ќе биде ангажиран работните задачи ќе треба да ги спроведе во во периодот ноември – декември 2025 година.
- ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува условите може да се пријави на овој повик. Предлозите треба да бидат на македонски јазик, да ја следат структурата и/или да се усогласат со барањата наведени подолу:
- Завршено високо образование во област на информатички науки;
- Докажано искуство во држење обуки и работа со групи;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за работење со кратки рокови и навремено испорачување на услуги.
- ПРИЈАВУВАЊЕ И ИЗБОР
АУСЖМ „Женска акција“ ќе формира 3 члена комисија со цел избор на најдобар понудувач. Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:
- Претходно професионално искуство во дејноста (40 бодови);
- Финансиска понуда, која вклучува надоместок по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход (60 бодови);.
- Писмо за искажување на интерес;
Краен рок за поднесување на апликацијата е 14.11.2025 година. Предлозите треба да се испратат до Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш на следната адреса
zenska.akcija@gmail.com . Апликантот во предметот ќе цитира: Пријава на јавен повик за обучувач/ка за тренинг за општински е-услуги.
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот нема да бидат земени во предвид.
Погледни го
ПДФ документот