09.12.2015 | Заврши обуката за фотографија

Почнувајќи од 12 ти декември започна циклусот на обуки за фотографија организиран од страна на Женска акција Радовиш а во рамките на проектот е-Училница. Обуката ја посетија 8 ученици од гимназијата Коста Сусинов Радовиш кои имаа можност да се запознаат со техничките аспекти на процесот на фотографирање. Стекнатите вештини учесниците имаа можност да ги применат преку практични вежби и фотографирање на зададени теми. Под менторство на Олег Бојаџиев фотографиите беа обработувани, разгледувани и коментирани од страна на учесниците. 

Галерија