Соопштение | Курс за фотографија

Здружението Женска акција Радовиш во рамките на проектот е-Училница, објавува оглас за пријавување на учесници за обука од областа на фотографијата. Курсот е наменет за фотографи аматери, како и за почетници кои сега ги прават првите чекори во фотографијата или пак поискусни кои сакаат да ги усовршат и збогатат своите знаења.  Обуката ќе опфати: теоретски дел, практични вежби и фотографирање на терен. Користејќи го фотоапаратот и ИТ технологијата целта на обуката е да ве оспособи ефикасно да ги изразите своите идеи, да создадете своја визуелна уметност и за вас препознатлив уметнички израз. Низ обуката ќе ве води Олег Бојаџиев.
Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на следниот е-маил: zenska.akcija@gmail.com  
Курсот почнува на 12-ти декември, од 13 часот во просториите на Женска акција