Проект | е-Училница

Фондацијата „е-Македонија“ по четврти пат го поддржа проектот „е-Училница“ кој има за цел да обезбеди бесплатни обуки за компјутерски вештини за жени од општините Радовиш и Конче. Во рамките на проектот Женска акција во 2012 година формираше компјутерски центар кој претставува директен придонес кон создавање на сеопфатно дигитално оштество каде учесниците имаат можност да ги истражуваат потенцијалот и придобивките од новите технологии, слободно да пристапат и да разменуваат информации и услуги и да учествуваат во општеството на поефикасен начин. Во изминатите три години над 300 жени се стекнаа со основни и напредни компјутерски вештини и се очекува до крајот на годината ваков вид на обуки да посетат уште 100 лица кои ќе научат да работат во Word, Excel, да користат електронска пошта и интернет.

Галерија