Работилница - работилница „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации како активни чинители во борбата против корупција“

Од 2 до 5 јули 2015 во Охрид  се одржа работилница „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации како активни чинители во борбата против корупција“ која  се реализираше во рамките на проектот „Развој на индикатори за мерење на доброто управување во земјите кандидати за влез во ЕУ – Индекс на добро управување во Македонија. Проектот се реализира од страна на Центарот за истражување и креирање политики а е финансиран од Европскиот фонд за Балканот (EFB).
Целта на работилницата е вклучување на граѓанските организации во претпристапниот процес пред отпочнувањето на преговорите.
Во текот на работилницата беше презентирано истражувањето ЛОТОС  спроведено во 43 општини во Македонија за граѓанско учество и транспарентност на општините. Преку интерактивна работа во групи беа развиени индикатори за добро управување преку замена на претставниците на општинската администрација и членовите на граѓанските организации.
Маријана Митева член на Женска акција Радовиш учествуваше на  работилницата. 

Галерија