05.01.2013 година - Божиќна трпеза

Во сабота, 5 Јануари во организација на „Женска акција“ а под покровителство на градоначалникот на општина Радовиш д-р Роберт Велков, успешно беше спроведена традиционалната хуманитарна акција „Божиќна трпеза“. На акцијата голем број на граѓани донираа производи и храна кои на Бадник беа доделени на 60-тина  семејства кои имаат проблем со обезбедување на финансии. За успешноста на акцијата помогнаа волонтерките од „Женска акција“ и ОЖ „Деница“, Здружение на трудови инвалиди – Радовиш, Уметност на живеење, голем број на граѓани кои ја покажаа на дело својата добра волја и желба да им помогнат на сиромашните семејства. Дека хуманоста нема граници покажаа младите балерини од Студиото за модерен балет „Газели“ водени од кореографот Изабела Ангелова, кои во тактот на Божиќните акорди заиграа пред своите родители и сограѓани со цел да ја помогнат хуманитарната акција, која беше поддржана со 15 пакети обезбедени со средствата од претставата. Оваа хуманитарна акција и годинава беше финансиски поддржана од Рудникот за бакар „Бучим“.

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ЛУЃЕ СО ДОБРА ВОЛЈА ШТО ВНЕСОА СВЕТЛИНА ВО МНОГУ ДОМОВИ И ГО НАПРАВИЈА БОЖИЌ ПОДОСТОИНСТВЕН ЗА СИТЕ.