Завршија обуките за дигитален маркетинг

Заврши обуката Дигитален маркетинг која имаше за цел подобрување на вештините и компетенциите на жените и поттикнување на нивниот личен и професионален развој. Бесплатниот едукативен тренинг модул го посетија 30 жени, кои имаа желба да се стекнат со нови, или да ги подобрат сопствените знаења и вештини во една од најбараните професии на денешницата. Преку обуката учесничките се стекнаа со вештини како самостојно да ги поставуваат и управуваат процесите на дигиталниот маркетинг што ќе им помогне да ја дигитализирате продажбата, да ги рекламираат процесите на својата работа. Преку комбиниран процес на паралелно учење и работа на реални проекти, учесниците во соработка со предавачот имаа можност за директна примена во пракса на различни тактики и алатки кои имаат сé поголема примена во рекламирањето.
Проектот „Дигитални вештини –предизвици и можности за жените“ се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (НМНР).

Галерија