Во тек се обуките за ИТ вештини

Во тек се обуките за ИТ вештини кои ги посетуваат жени од четири рурални средини од двете општини Радовиш и Конче: Лубница, Конче, Ораовица и Злеово. Во обуките се вклучени 30 жени, кои преку обуките ќе се стекнат со вештини за работа на компјутер. Стекнатите вештини на жените ќе им овозможат полесно вработување и конкурентност при барањето работа, како и за водење на сопствени бизниси. Овие обуки се дел од проектот „Дигитални вештини –предизвици и можности за жените“ се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (НМНР).

Галерија