ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ ЗА КУРС ЗА КОМПЈУТЕРСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРОГРАМИТЕ MICROSOFT OFFICE, КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/E-MAIL

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш во рамките на проектот: „Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“ објавува повик за пријавување на жени и млади девојки за обука со компјутери и стекнување на знаење за работа со компјутери и алатките на Microsoft Office пактетот и Интернет.
 

Опис на активноста

 
Курсот за компјутерска едукација претставува можност за невработени и вработеи жени и млади девојки  од двете општини Радовиш и Конче кои сакаат да ги подобрат своите вештини за работа на компјутер. Учесничките  ќе имаат можност да посетуваат интензивен крус во период од еден месец, со два пати неделно реализирани часови со времетраење од два школски часови, и преку тоа да се стекнат со знаења и сертификат за работа со компјутерските програми Microsoft Word и Microsoft Excel како основни алатки неопходни за професионално развивање и усовршување на учесниците.
Од пријавените кандидати ќе бидат селектирани 30 учесници по приципот прв пријавен, кои ќе бидат поделени во 3 групи
Обуките ќе се реализираат во периодот август-ноември 2023 година.
 
Цели на курсот за компјутерска едукација
  •  Да им помогне на учесниците да стекнат знаења за работа со компјутерските програми Microsoft Word, Microsoft Excel I Internet;
  • Да научат правилно да користат интернет и E-mail;
  • Да се здобијат со знаења кои денес се неопходни при аплицирање на било кое работно место;
  • Да ги поттикне, мотивира, охрабри, стимулира, жените и младите девојки да се залагаат за професионално надоградување и стекнување на вештини кои се неопходни за настап на пазарот на труд;
 
Кој може да аплицира?
 
            За обуката може да се пријават жени од различна возраст, невработени, жени кои се во ситуација на самовработување, жени жртви на семејно и родово базирано насилство, самохрани мајки, жени од етничките малцинства, жени од руралните заедници од општините Радовиш и Конче и жени кои се вработени но имаат потреба од унапредување на своите вештини. 
Од пријавените кандидати ќе бидат селектирани 30 учесници по приципот прв пријавен, кои ќе бидат поделени во 3 групи
Обуките ќе се реализираат во периодот август - ноември 2023 година.
 
Услови за учество и добивање на сертификат за работа со компјутери
 
  • Да се во можност да присуствуваат на планираните часови; (вкупно 16 часа)
  • Да присуствувале на најмалку 90% од предвидените часови за да добијат сертификат за работа со компјутери;

 Како да аплицирате

  • Доколку сте заинтересирани за учество на обуката пополнете електронска пријава најдоцна до 31 јули (вторник) 2023 (Линк). или директно во канцеларијата на Женска акција секој ден од 09 до 16 часот на ул. 22 Октомври бб (во зградата на поранешниот Електротехнички факултет). Рокот за аплицирање е до 31 јули 2023 година.

Доколку имате прашања во врска со начинот на аплицирање, контактирајте не на следната меил адреса: zenska.akcija@gmail.com.

Проектот „Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“  се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.