ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ ЗА ОБУКА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш во рамките на проектот: „Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“ објавува повик за пријавување на жени и млади девојки за обука за дигитален маркетинг.

 Опис на активноста

Обуката за дигитален маркетинг претставува можност за жени и млади девојки  од двете општини Радовиш и Конче кои ќе се стекнат со разбирање на концептот на дигитално претприемништво преку дигитална комуникација, ќе научат за достапните алатки и начините за нивно користење. Темите опфатени со обуката се однесуваат на создавање содржина, рекламирање на социјални медиуми, оптимизација на пребарувачите и многу повеќе. Секоја сесија е составена од теоретски и практичен дел, придружена со добри случаи од праксата. Учесниците ќе се поттикнуваат на интеракција и активно учество.

Цели на курсот за компјутерска едукација

  • Полесно да ги разберат основите на дигиталниот маркетинг и да креираат свои маркетинг стратегии прилагодени на сопствените потреби.
  • Обуката ќе им помогне самостојно да ги поставуваат и управуваат процесите на дигиталниот маркетинг што ќе им помогне да ја дигитализирате продажбата.
  • Зајакнати капацитети на жените за промоција на сопствените производи и бизнис преку користење на е-маркетинг.
 
Кој може да аплицира?
 
            За обуката може да се пријават жени од различна возраст, невработени, жени кои се во ситуација на самовработување, жени жртви на семејно и родово базирано насилство, самохрани мајки, жени од етничките малцинства, жени од руралните заедници од општините Радовиш и Конче и жени кои се вработени но имаат потреба од унапредување на своите вештини. 
Од пријавените кандидати ќе бидат селектирани 30 учесници по приципот прв пријавен, кои ќе бидат поделени во 3 групи
Обуките ќе се реализираат во периодот септември - декември 2023 година.
 
 Услови за учество и добивање на сертификат за работа со компјутери
 
  • Да се во можност да присуствуваат на планираните часови; (вкупно 10 часа)
  • Да присуствувале на најмалку 90% од предвидените часови за да добијат сертификат за работа со компјутери;

Како да аплицирате

  • Доколку сте заинтересирани за учество на обуката пополнете електронска пријава најдоцна до 31 јули (вторник) 2023 на следниот линк

или директно во канцеларијата на Женска акција секој ден од 09 до 16 часот на ул. 22 Октомври бб (во зградата на поранешниот Електротехнички факултет). Рокот за аплицирање е до 25 јули 2023 година. Доколку имате прашања во врска со начинот на аплицирање, контактирајте не на следната меил адреса: zenska.akcija@gmail.com

Проектот „Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“  е имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.