Проект - Mладите на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија како промотори на мирот и помирувањето

Од 05 до 12 февруари 2020 година во Велика Плана со обуката за 24 млади започна реализацијата на проектот „Младите на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија како промотори на мирот и помирувањето“ кој го спроведува Здружението на граѓани „Светот на зборовите“ од Велика Плана, Србија во партнерство со Здружението “Мали чекори “од Сараево, Босна и Херцеговина и Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш.
На работилницата, од Радовиш учествуваа 8 (осум) ученици од СОУ ,,Коста Сусинов“ под менторство на професорката Наташа Спасевска.
Цел на проектот е подигање на свеста на 24 (дваесет и четири) средношколци од регионот на Западен Балкан (Србија, Македонија и БиХ) за важноста на толеранцијата, еднаквоста и почитувањето на различноста во однос на други нации и нивната мотивација да поттикнат креативни активности чија цел е подобро разбирање на човековите права и воспоставување на меѓурегионална размена и соработка како предуслов за изградба на доверба меѓу младите од различни етничка припадност.
Осумдневното учење и дружење им овозможи на младите да се запознаат подобро меѓусебе, да ги запознаат другите култури, да научат повеќе за толеранцијата и мирот, еднаквоста и почитувањето на различностите и да се мотивираат да иницираат креативни активности во локалните заедници со цел подобро да ги разберат човековите права.
На работилницата беа опфатени повеќе теми:
  • Сите наши идентитети
  • Што е тоа интеркултурност
  • Интеркултурна комуникација и интеркултурна осетливост
  • Слични различни-за културните норми и нивното влијание
  • Човечките потреби и човечките права
  • Однос моќ-опсесија
  • Моќ и дискриминација-наша реалност
  • Форум -Што би направил ти?  
  • Насилството и видовите насилство
  • Родово засновано насилство-приказна за Алма
  • Форум - Циклус насилства - Придвижи се и делувај
  • Конфликти и начин на комуникација
  • Како ги изразувам чувствата
  • Ненасилна комуникација
  • Мапирање на материјалот за перформанс.
Покрај едукативните содржини учесниците и менторите имаа можност да ја посетат локалната канцеларија на RYCO во Белград, каде  со учесниците разговараше Ивана Антонијевиќ која ја претстави организацијата и нејзиното четиригодишно постоење. Исто така имаа можност да посетат и голем број на знаменитости во Белград.
Пред завршувањето на обуката учесниците имаа прием кај градоначалникот на општина Велика Плана Игор Матковиќ и заменикот Жељко Рајиќ, кои ја поздравија групата и и по претставувањето на учесниците истакнаа дека општина Велика Плана и Радовиш се збратимени општини и имаат долгогодишна соработка.  
За време на престојот на размената на улиците на Велика Плана тие заедно изведоа перформанс со силна порака за мирот. По враќањето во матичната земја, учесниците ќе организираат улична акција: информативни штандови, едукативни паноа, перформанс на пуштање на балон на мирот во исто време во три града: Велика Плана, Радовиш и Сараево.  
По враќањето учесниците од Радовиш ги споделија стекнатите знаења и доживувања со претседателката на „Женска акција“, истакнувајќи го притоа задоволството од топлиот прием и добрата организаираност на обуката.       

Галерија