05-12-2019|ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА „РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЖЕНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА

       Во рамките на проектот Активни жени подобри општини се одржа јавна дебата на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во локалната заедница“. На дебатата беа презентирани резултатите од двете фокус групи и уличната кампања која се одржа на 5 окотмври. Целта на јавната дебата е креирање на ефективни и спроведливи локални политики за вклучување на родовите аспекти во процесот на планирање и буџетирање.
Бидејќи, од страна на КЕМЖМ и координаторките при ЕЛС  не е направена програма, нити било каков документ за воспоставување на еднакви можности, преку оваа активност беа разгледани проблемите кои се во надлежност на општините и кои може да се стават како приоритети во планирањето за  следната година.
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија. 

Галерија