11-09-2019| Повик за обучувачи

Повик за обучувачи/чки
 за спроведување на 2 (две) дводневни модули за обука од областа на родови односи и родова интеграција

 
Почитувани,
          Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „ЖЕНСКА АКЦИЈА“  Радовиш врз основа на Одлука бр. 02 ба-31/1 донесена на ден 06.09.2019 година објавува Повик за доставување на понуди за обучувачи за испорака на две дводневни обуки од областа на родови односи и застапување на локално ниво во рамките  на проектот „Активни жени – подобри општини“.                                                                                                    
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.                                                                                                               
Цел на проектот:
Основната цел на проектот е вклучување на родовите политики во процесот на планирање на локалните власти преку локалниот дијалог со жени НВО, институции и жени на локално ниво“.
Специфичните цели се:
- Подобрување на капацитетот на локалните власти (координатори, локална администрација, Комисија за еднакви можности на жените и мажите во рамките на Советите на општините Радовиш и Конче) за вклучување на родовата перспектива во нивните процеси на планирање.
- Развивање на капацитет на женските граѓански организации (ГО) да се залагаат за родова еднаквост. (Техничка поддршка на нивната мониторинг улога; и Подобрено медиумско покривање на теми поврзани со жените на локално и национално ниво.  
Опис на работните задачи
        Главната цел на ангажманот е испорака на 2 дводневни модули за обука кои се во функција на зајакнување на капацитетите на локални граѓански здруженија за следење и застапување на интеграцијата на родовата перспектива во локалните политики и зајакнување на капацитетите на претставници од локалната администрација и КЕМЖМ со цел тие да одговорат на обврската за родово-свесно планирање и дејствување.  Обуките, покрај знаења и вештини треба да вклучат содржини кои  се во функција на зајакнување на соработката помеѓу различните чинители и заеднички пристап во промоцијата на родовата еднаквост во локалната заедница.
Крајни корисници:
  • Претставници од граѓанските оргаинзации
  • Координатори за еднакви можности, Комисија за еднакви можности при советите на општините Радовиш и Конче и вработени во администрацијајата при ЕЛС на општините Радовиш и Конче
Содржината на модулите за обука  треба да биде развиена на следниве теми:
         
       1. Основни концепти на родот и пристапи за унапредување на РЕ
       2. Родова интеграција и родова анализа
       3. Следење на спроведувањето на законските обврски на ЕЛС за унапредување на родовата еднаквост
      4. Застапување на родовата еднаквост во локалните политики 

Содржината на секој од тематските модули за обука треба да биде испорачана преку методологија која ќе обезбеди висок степен на интеракција и активно вклучување на учесниците .
Терминот планиран за спроведување на обуките е во периодот октомври 2019.  

Тип на договор и надоместок
Ангажманот се заснова на плаќање по испорачана услуга: Спроведен тематски модул за обука  и подготвен финален извештај за обуката. За услугата треба да биде доставена  финансиска понуда.

Услугата ги вклучува следниве специфични обврски:
  • Подготовка и спроведување на програма и содржина за секој од модулите
  • Пред и пост евалуациски инструмент за оценка на стекнати знаења
  • Финален извештај кој ги вклучува резултатите од оценката на обуката од страна на учесниците
 
Потребни квалификации
Експертите/обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
  • Завршено високо образование;
  • Искуство во дизајнирање и спроведување обуки со користење на современи интерактивни методи за учење на возрасни;
  • Експертиза од областа на родот и родови односи;
  • Познавање на политиките за родова еднаквост во Македонија;
  • Познавање на невладиниот сектор во Македонија;
  • Познавања од областа на јавното застапување
  • Познавање на процесот на партиципативно учество во креирање на политики и носење на одлуки на локално ниво.
 
Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
  • Детална биографија (CV)
  • Писмо за интерес и во кое ќе бидат наведени темите/модулите за кои аплицираат како обучувач/чка. Кандидати/ките можат да се пријават за спроведување на еден или повеќе модули за обука.
  • Референтна листа на одржани обуки која треба да ги вклучи нарачателот, темата и целната група
  • Повремени консултативни средби со проектната координаторка при имплементација на  проектните активности кои произлегуваат од оваа проектна компонента
Покрај својата биографија, заинтересираните треба да испратат и финансиска понуда.
Критериуми за избор
Критериум за избор на обучувачите се:
  • Експертиза за темата за која се пријавуваат 50 бодови
  • Претходно искуство во развивање и испорака на обука  50 бодови
 
Рок за пријавување
Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 17-ти септември 2019 год. (вторник) на следната електронска адреса: zenska.akcija@gmail.com

Галерија

https://www.facebook.com/%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%88-481551978554171/notifications/