Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш започна со имплементација на проектот Активни жени – подобри општини кој се фокусира на решавање на бариерите за интеграција на концептот за родова еднаквост на локално ниво.
Главна цел на проектот е овозможување на поволна околина за комуницирање и вклучување на жените во процесот на планирање на локалните власти преку дијалог со женски НВО, институции и жени на локално ниво.
Специфичните цели се:
- Подобрување на капацитетот на локалните власти (координатори, локална администрација, Комисија за еднакви можности на жените и мажите во рамките на Советите на општините Радовиш и Конче) за вклучување на родовата еднаквост во нивните процеси на планирање.
- Развивање на капацитет на женските граѓански организации (ГО) да се залагаат за родова еднаквост.
- Идентификување на начините за подобрување на квалитетот на животот на жените.
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на ФондацијатаKvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија и ќе се реализира во периодот април – декември 2019 година.
Во текот на месец јули се одржаа фокус групи со Координаторите на КЕМ и Комисиите за еднакви можности на жените и мажите од општините Радовиш и Конче како и фокус група со жени и претставници од женски НВО од Радовиш и Конче.