Oбука за обучувачи за родово базирано насилство и семејно насилство

Во организација на UN WOMEN од 09 - 13 јули 2014 во Маврово се одржа обука за обучувачи за родово базирано насилство и семејно насилство. Обуката беше реализирана преку повеќе модули и тоа: Вовед во обуката за обучувачи, Вовед во основните концепти за родот, Родово заснована дискриминација, Родово засновано насилство, Меѓународна и домашна правна и политичка рамка за родова еднаквост/родово засновано насилство, Разгледување на предлог на Законот за спречување и заштита од СН, Систем за заштита од насилство во Македонија, Пречки во системот за жртвите  на насилство.

На обуката беа присутни околу 20-етина учеснички  кои се здобија со Дипломи. Од Женска акција Радовиш на обуката присуствуваше Иванка Соколова.
 

Галерија