11.05-12.05. 2012 - Обука

На 11 и 12 Мај Струмица беше одржана првата обука за јакнење на капацитетите на локалните активисти од општините: Струмица, Радовиш, Валандово, Берово, Василево, за користење на законското право на пристап до информации. Овие обуки се дел од Програмата за обука на претставниците од граѓанскиот сектор за мониторинг на локалните власти во спроведувањето на децентрализацијата и јавните набавки која ја спроведуваат ФООМ, во соработка со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД). Обуката беше следена од претставник на Женска акција.