01.10 - 07.10.2013 - Обука за Обучувачи

Од  01 до 07 Октомври, 2013 во хотел Срна, Маврово се одржа Обука за Обучувачи за превенција на говор на омраза во организација на Центар за меѓукултурен дијалог-Куманово, Младински образовен форум, Совет на Европа и Агенција за млади и спорт како дел од Националната кампања против говор на омраза која ја води Националниот комитет за борба против говор на омраза на интернет.

Во рамките на оваа обука беа оддржани предавања за Човекови права, Говор на омраза, разлика помеѓу говор на омраза и слобода на изразување, алатки, методи и пристапи за справување со говорот на омраза офлајн и онлајн, а преку работи во групи и креативни активности учесниците се стекнаа со знаења и вештини како да го препознаат говорот на омраза, како да го превенираат и да се справат со него, и развија планови за активности за натамошно делување во насока на подигање на свеста за човековите права и нивното кршење со говорот на омраза.

На оваа обука како членка од „Женска акција“-Радовиш учествуваше Магдалена Илиева.