Е-УЧИЛНИЦА

Од септември 2012 година „Женска акција“ Радовиш започна со имплементација на проектот Е-Училница, кој има за цел да обезбеди бесплатни обуки за компјутерски вештини за 130 жени од општините Радовиш и Конче. Формирањето на овој компјутерски центар е дел од проектот „Е- Училница“ на Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком и е придонес кон создавање на сеопфатно дигитално општество каде жените имаат можност да ги истражуваат потенцијалот и придобивките од новите технологии, слободно да пристапат и да разменуваат информации и услуги и да учествуваат во општеството на поефикасен начин. Оваа услуга е од особена важност за жените за подобрување на образованието и информации во надминувањето на дигиталниот јаз и подобрување на вештините за вработување што ќе им овозможи еднакво учество на пазарот на трудот и активно вклучување во животот на локалната заедница.

Обуки за основни и напредни компјутерски вештини до 30 Април 2012 поминаа 92 лица од кои 81 жена и 11 мажи. Обуките за комуникациски вештини беа посетени од 24 девојки кои поминаа обука за подготовка за подготовка на документи за аплицирање за стипендии и работа.