22.02-24.02.2013 – Работилница

Со цел зголемување на соработката и мобилноста на младите луѓе во Македонија и обезбедување наинформации за нивните проблеми и потреби, Организацијата на жени на општина Свети Николе заедно со 6 партнерски организации од градовите: Куманово, Радовиш, Струмица, Неготино, Ростуше и Битола организира анкета кај 700 млади луѓе од споменативе општини. 21 членови/ки на НВО од Свети Николе, Куманово, Радовиш, Струмица, Неготино, Ростуше и Битола во Битола. Младите од овие организации од 22-24 февруари учествуваа на тренинг за изработка на локални младниски акциони планови. Финалните верзии од локалните младински акциони планови до 15 Март 2013 година ќе бидат презентирани на 7 јавни форуми во 7-те градови каде ќе се презентираат резултатите од анкетното истражувањето. Реализацијата на овие активности ќе резултира со стекнување на информации за проблемите и потребите, зголемување на соработката и мобилност помеѓу младите луѓе од Македонија и нивно активно ангажирање во нивните заедници. Проектот “Од младите за младите” финансиски е подржан од Европската Младинска Фондација.