Фондацијата „е-Македонија“ по четврти пат го поддржа проектот „е-Училница“ кој има за цел да обезбеди бесплатни обуки за компјутерски вештини за жени од општините Радовиш и Конче. Во рамките на проектот Женска акција во 2012 година формираше компјутерски центар кој претставува директен придонес кон создавање на сеопфатно дигитално оштество.