Награда

НАГРАДЕН ПРОЕКТОТ
КРЕАТИВНИ УМОВИ СОЗДАВААТ МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

На церемонијата која се оджа во Прага во едно од најпознатите филмски студија во Европа – студиото Барандов (каде што снимале познатите режисери Милош Форман и Роман Полански) беа доделени 37 награди од страна на ЕРСТЕ фондацијата. Настанот со холивудски стил и привлечност беше следен од 650 лица од бизнис секторот, НВО и медиумите . Од страна на националните и локални експерти беа изберени 132 проекти од вкупно 1865 поднесени барања за награда од 12 земји и тоа: Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија. Од страна на интернационалното жири составено од 18 експерти, беа препознаени исклучителни, иновативни, ефикасни активности, кои им овозможуваат на луѓето кои живеат на маргините на општеството целосно вклучување во општествениот живот. На церемонијата беа наградени 37 проекти кои го поделија вкупниот фонд на наградата во износ од 613.000 евра. Наградата оддаде признание на проекти кои направиле промена врз животот на луѓето во локалните заедници и е наменета да им помогне на поединци и институции во нивната социјална практика. Првата награда на ЕРСТЕ Фондацијата ја доби проектот од Хрватска „Центар за советување и засолниште на жени и деца жртви на насилство“.

На другите победници им се доделени награди во вредност од 16 000 евра, но покрај наградите кои имаат финансиска компонента, победниците ќе добијат поголема видливост и ќе имаат можност за подобар пристап кон базите на ЕРСТЕ фондацијата и на можни партнери и поддржувачи.

Во големата конкуренција проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“ доби награда Социјална интеграција 2011 во вредност од 16.000 евра. Овој проект беше имплементиран од библиотеката Бража Миладиновци од Радовиш во партнерство со „Женска акција„ Радовиш и КРЕА.

Галерија

https://www.facebook.com/%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%88-481551978554171/notifications/